Нов срамен текст: И да освои највеќе грен слем титули, Новак нема да биде во топ 3 најдобрите тенисери во историјата

Фото: EPA-EFE/STEVE PASTON

И покрај тоа што се израмни по бројот на освоени грен слем титули со најголемите ривали, Рафаел Надал и Рожер Федерер, и е подобар во меѓусебниот скор, Новак Ѓоковиќ и понатаму е оспоруван, посебно од британската јавност.

Новак Ѓоковиќ се наоѓа во фантастична форма, победи на првите грен слем турнири годинава, Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимлблдон, а доколку триумфира на УС Опен ќе стане првиот тенисер по Род Лејвер кој успеал да го комплетира календарскиот слем. Исто така Ѓоковиќ има шанса да го освои и „златниот слем“, односно доколку покрај УС Опен го освои и златниот медал на Олимписките игри во Токио.

Вајда: Многумина се љубоморни на доминацијата на Новак

Но, и покрај сите успеси кои ги оствари и рекорди кои ги собори, за новинарот на „Дејли Мејл“, Оливер Холт не е доволно да го прогласи Новак Ѓоковиќ за најдобар тенисер во историјата.
„Новак се израмни со Федерер и Надал со по освоени 20 грен слем титули, и тоа уште повеќе ја подгреа дебатата за тоа кој е најголем од нив тројца. Дури и Ѓоковиќ да освои највеќе титули, нема да го смена мислењето“, пишува Холт во својата колумна за „Дејли Мејл“.

Според него,  првиот тенисер на АТП ранг листата не е ниту во топ 3 теисерите на сите времиња.
„Гоелмината на тенисерот и причината поради која го цените ги надминува параметрите на освоените титули. Во мојот избор на топ 3 тенисери и понатаму се Рожер Федерер, Бјорн Борх и Гиљермо Вилјас“, пишува Холт.

Доколку некој може да го направи невозможното, тогаш тоа е Новак

 

Видео на денот