Нов соиграч на Елмас позитивен на коронавирус, и во Торино има позитивни

EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Андреа Петања е позитивен на ковид-19, потврди Наполи.

Петања е фудбалер на Наполи кој минатата сезона настапуваше за Спал кој во јануари го продаде фудбалерот, но двете екипи се договорија тој да ја доигра сезоната во стариот клуб.
Иако, се уште официјално нема одиграно натпревар за Наполи, неговиот нов тим ја извести јавноста за позитивниот случај.

„Андреа е позитивен на ковид-19, и тоа откако претходно неговиот брат беше позитивен. Петања нема симптоми, се наоѓа во карантин и ќе му се приклучи на тимот кога ќе оздраве“, стои во соопштението на Наполи.

Петања има 25 години, а Наполи за него плати 17 милиони евра.

Наполи не е единствениот италијански тим кој има фудбалери позитивни на коронавирус, бидејќи Торино соопшти дека двајца негови играчи исто така се заразени.

Фудбалерите на Торино беа тестирани пред почетокот на подготовките за новата сезона, а резултатите покажаа дека има двајца позитивни на ковид-19.
„ Играчите кои немаат симптоми но се позитивни, се испратени во изолација согласно со протоколот. Како дополнителна мерка на претпазливост, уште тројца фудбалери кои во претходните денови имале контакт со заразените, исто така се испратени во самоизолација“, објави Торино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот