Нов смртен случај од Ковид-19 во Албанија

Во Албанија почина уште еден пациент од последици од новиот коронавирус,со што вкупната бројка се зголеми на 29 лица.

Според албанското Министерството за здравство и социјална заштита станува збор за 73-годишен маж од Драч, кој бил хоспитализиран во болницата „Шефќет Ндроќи” и бил интубиран 24 дена.

– Пациентот Х.К.(73) од Драч речиси еден месец беше во тешка состојба со акутна респиратона инсуфиенца. Боледуваше и од други болести. И покрај сите напори на лекарите тој почина. Изразуваме сочувство до семејството, се наведува во соопштението на Министерството.

Во Албанија според последните податоци, вкупната бројка на заразени изнесува 736 лица. Оздравеле 422 или 57,3 отсто од вкупно заразените, додека 286 или 42,7 отсто од вкупно заболените се активни со Ковид-19.

Во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Ндроќи” хоспитализирани се 33 пациенти, од нив девет се на интензивна терапија и еден интубиран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот