Нов скандал во НФЛ, поранешни вработени во Вашингтон редскинс ја обвинија управата за сексуално вознемирување
15 жени кои некогаш работеле во Вашингтон (редскинс) тврдат дека биле сексуално вознемирувани, пишува „Вашингтон пост“.
Весникот опишува десетина случаи на наводно сексуално вознемирување и вербално злоставување, повикувајќи се на интервјуата со повеќе од 40 сегашни и поранешни вработени во НФЛ тимот вклучувајќи и 15 жени , како и на текстуални пораки и интерни документи.
Обвинувањата се одснесуват за последните 13 години, поточнп од 2006 до 2019 година, а тука се и непримерните сексуални коментари, непроимерно вербално и невербално однесување како и притисок на жените пооскудно да се облекуваат.
Весникот пишува дека разговарал со 14 жени кои побарале да останат анонимни поради страв од тужби бидејќи многу од нив потпишале договори за молчење со НФЛ тимот.
„Вашингтон пост“ исто така објавува дека побарал од клубот да ги ослободи вработените од таквите договори за да можат тие отворено да зборуваат, но нивната молба била одбиена.
Емили Еплгејт, денеска 31-годишна жена која работела во одделението за маркетинг во 2014 и 2015 година, единствена отворено проговори за своите искуства.
Меѓу обвинетите за сексуално вознемирување се долгогодишниот радио водител Лери Мајкл, поранешниот директор на тренерската служба, Ричард Мен, поранешниот претседател за бизнис Денис Грин и поранешниот главен оперативен директор Мич Гершам.
Сопственикот на Вашингтон редскинс, Даниел Снајдер не е меѓу обвинетите, но тој исто така одби да коментира за случувањата во неговиот клуб.
Вашингтон има три НФЛ титули, од 1982, 1987 и 1991 година, а екипата е основана во 1933 година како Бостон редскинс, додека во главниот град на САД се селат во 1937. Даниел Снајдер клубот го купува во 1999 година.