Нов симбол за најдобриот македонски фудбалер: Нова ѕвезда на Горан Пандев на плоштадот во Струмица

Фото: mia.mk

На плоштадот „Гоце Делчев” во Струмица денеска повторно е поставена ѕвездата на најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, што беше искорната и украдена во ноември во 2018 година.

– Верувам дека овојпат ѕвездата на Пандев нема да му пречи на никој и ќе остане на градскиот плоштад. Ќе ја чуваме исто како што се радуваме на успесите на Пандев и промоцијата на нашата општина и држава, рече градоначалникот Коста Јаневски.

Ѕвездата беше поставена во 2010 година како симбол за освоената титула на Пандев европски и светски фудбалски шампион со италијанскиот Интер. Инаку, досега не се откриени сторителите на кражбата на ѕвездата на Пандев од плоштадот во Струмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот