НОВ ШОК за нападите на 11 септември – Трета зграда била СРУШЕНА, а еве ЗОШТО тоа било скриено (ВИДЕО) – Слободен печат
ВестиПланета

НОВ ШОК за нападите на 11 септември – Трета зграда била СРУШЕНА, а еве ЗОШТО тоа било скриено (ВИДЕО)

Нова теорија на заговор

Истражувачот на заговори Дејвид Ајк, го поддржал извештајот во кој се наведува дека на 11 септември, една од кулите во Њујорк не се срушила заради пожар.

Ајк (67) долго време изнеџува тврдења според кои „зградата 7“ се срушила како резултат на контролирано демолирање. Таа била веднаш до кулите Близначки и паднала во 17.20 попладнето, на 11 септември – повеќе од шест часа откако кулите биле срушени.

Националниот институт за стандарди и технологија (НИСТ) – агенција на министерството за трговија на САД – пресудил дека во 2008, таа зграда се срушила заради пожар.

Меѓутоа, нов извештај тврди дека тоа не би било возможно.

Истражувачи од Универзитетот Алјаска Фербанкс (УАФ) изнеле шокантно тврдење по четиригодишните студии на калкулаторско моделирање кое го финансирале архитекти и „инженери за вистината за 9 септември“.

Ајк – кој инаку верува дека со светот владее интердимензионална раса на влекачи – е спремен во среда да ја објави книгата „Тригер“, која ќе се занимава со контроверзни заговори околу терористичкиот напад.

Бившиот фудбалер и спортски коментатор изјавил за Дејли Стар Онлајн: „Зградата 7 е срушена во најочигледното контролирано демолирање кое го имаме видено“.

„Цитирам инженери и архитекти кои во „Тригер“ во основа го кажуваат истото. Официјалната приказна на Владата е дека зградата 7 паднала заради пожар во канцелариите“, вели тој.

По терористичкиот напад, Џорџ Буш именувал комисија за истражување на злосторствата на 11 септември.

„Имале огромен проблем со зградата 7, бидејќи е очигледно дека запален канцелариски мебел никогаш не би ја срушил зградата. Да беше тоа случајот, зградата 7 ќе беше и ќе останеше единствената зграда со челична конструкција уништена од пожар во историја на архитектурата. Пожарот не би достигнал ни приближно доволно топлина која би ви била потребна за дестабилизација на зградата. Па како комисијата за 11 септември се соочила со овој проблем?“ – прашува Ајк.

Никогаш не ја споменале зградата 7 во својот извештај, рекол тој, додавајќи дека повеќето не знаат дека паднале три згради, бидејќи третата е Ахилова пета на целата приказна.

Меѓутоа, експертите за рушење ја отфрлиле теоријата за контролирана експлозија.

Марк Лоузик, претседател на една од водечките светски компании за демолирање, изјавил дека се потребни месеци за да се дизајнира и припреми структура за рушење.

„Бучно е. Нема начин тоа да го сокриете. Влегувате внатре, ги рушите сите ѕидови на подовите, каде поставувате експлозив и тоа е тоа“, вели тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close