Нов шок за Ливерпул, Наполи бара 40 милиони евра повеќе од својот играч

twitter.com/OptaJoe

Англискиот тим никако да се опорави од шокот што го доживеа со неангажирањето на Тимо Вернер од Лајпциг и никако не успеваат да израдуваат навивачите со добра вест.

Фановите на „црвените“ денеска повторно се разочараа, а менаџерот Јирген Клоп доживеа нов шок, откако неговата понуда за дефанизвецот на Наполи, Калиду Кулибали беше експресно одбиена.

Калиду Кулибали/EPA-EFE/CESARE ABBATE

Ливерпул понуди 60 милиони евра за Кулибали кого Клоп сака да го спои со Ван Дајк и да го формира најдобриот тандем на дефанзивци, но претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентин, веднаш ја одби оваа понуда притоа порачувајќи дека нема шанси да седне на преговори доколку понудата не изнесува 100 милиони евра.

Поради ваквиот одговор Ливерпул експресно се откажал од идејата за ангажирање на Кулибали за кого во игра останаа само два тима, ПСЖ и Манчестер јунајтед, но прашање е дали тие се подготвени да платат 100 милиони евра во време кога сите екипи имаат финансиски проблеми поради пандемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот