Нов шок за данската репрезентација: Каспер Нилсен боледува од дијабетес

Каспер Долберг поради болеста нема да биде дел од репрезентацијата на Данска во квалификациите за СП 2022/ фото: EPA-EFE/Olaf Kraak

Данскиот репрезентативец Каспер Долберг откри дека му е дијагностициран дијабетес тип 1 и поради тоа нема да биде дел од националниот тим во натпреварите со Фарски Острови и со Шкотска во последните два натпревари во квалификациите за пласман на СП 2022 година, но се очекува во најскоро време да се среди неговата здравствена состојба и да нормално да ја продолжи кариерата.

Фудбалерот на Ница во последните две недели не се чувствуваше добро и деталните лекарски прегледи и анализи утврдија дека Долберг боледува од дијабетес.

„Утринава ги добив резултатите од медицинските тестови кои покажаа дека имам дијабетес тип 1. Ова претставува изненадување за мене, но искрено, ми олесна што конечно дознав зошто се чувствував лошо во последните две недели. Затоа одлучивме заедно со селекторот Каспер Хјулманд да не играм за репрезентацијата“, напиша Долберг на социјалните мрежи.

Според лекарите, болеста не би требало да му прави проблеми во понатамошната кариера.
„Лекарите ми потврдија дека со правилен третман, ова не би требало негативно да влијае на мојата кариера“, додаде Долберг.

Дијабетес тип 1 е хронична болест која бара доживотно лекување со инсулин, а спортската активност се препорачува на болните од оваа болест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот