Нов шок за Барса: Валенсија го освои Кралскиот куп! (ВИДЕО)

EPA-EFE/RAUL CARO

Откако претходно лесно ја освои титулата во „Ла Лига“, Барселона посакуваше со двојна круна да ја заврши сезоната, но каталонскиот состав, иако фаворит, беше поразен од Валенсија.

Каталонците беа елиминирани во полуфиналето од Лигата на шампионите после тешкиот пораз на „Енфилд“, а новиот вечерашен повторно ќе го активира прашањето дали Ернесто Валверде ќе остане на тренерската клупа и наредната сезона, иако во претходниот период доби поддршка од Лионел Меси.

После една одлична акција, Валенсија поведе во 21. минута, а стрелец беше Кевин Гамеиро. Во 33. минута нов „ладен туш“ за Каталонците, откако Родриго по асистенцијата на Солер зголеми на 2:0.

Барса со сите сили тргна во понатамошниот период да се врати резултатски во игра, но не успеа во намерата.

Единствено го ублажи поразот преку Меси во 73. минута, така тимот од Камп Ноу остана на 30 освоени купови, а Валенсија дојде до осмиот куп трофеј во своето 16 финале.

Мала сатисфакција за Меси е што со вечерашниот погодок е првиот играч во историјата кој во финалните битки од Копа дел Реј реализирал шест голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот