Нов шок во Ла Лига, Валенсија обвинува за матни игри по расистичкиот скандал

epa09115894 Valencia's French defender Mouctar Diakhaby (C) talks with referee David Medie Jimenez (2-L) after allegedly receiving a racist comment by Cadiz's defender Juan Cala (unseen) during their Spanish LaLiga soccer match between Cadiz CF and Valencia CF at Ramon de Carranza stadium in Cadiz, Andalusia, Spain, 04 April 2021. EPA-EFE/ROMAN RIOS

Страстите во шпанскиот фудбал не се смируваат откако вчерашниот натпревар помеѓу Кадиз и Валенсија беше прекинат 20-тина минути поради расизам.

Имено, фудбалерот на Кадиз, Хуан Кала, го навредил на расна основа играчот на Валенсија, Муктару Диакаби, што доведе до тоа играчите на гостинскиот тим да се повлечат во соблекувалната.
Тоа што се случувало во тие 20-тина минути во соблекувалните е мистерија, како и причината зошто играчите на Валенсија се вратија на теренот, а главниот виновник за инцидентот остана во игра.
Денеска, фудбалска Шпанија остана во шок по сознанието дека Валенсија била уценета.
Судијата Давид Хименез во својот извештај напиша дека на ниту еден начин во разговорите не влијаел да се продолжи натпреварот. Тој тврдел дека претставниците на двата клуба го известиле за одлуката фудбалерите да се вратат на теренот.

 

Но, на овие тврдења на судијата Хименез реагираше Валенсија со остро соопштение во кое наведуваат дека биле „принудени“ да се вратат на теренот, а притоа клубот нагласува дека судијата дури им се заканувал со страшни последици доколку тоа не се случи.


Првично шпанските медиуми објавија дека самиот Диакаби наводно барал од неговите соиграчи да се вратат на теренот, но Валенсија ги демантира тие написи со своето соопштение кое донесе ново прашање – зашто и се скратува можноста на екипата да протестира?
Ла Лига која е организатор на првенството, веднаш спроведе интерна истрага, но во првото соопштение објави само дека „нешто  се случило“.

Шпанските медиуми застанаа во одбрана на фудбалерот на Валенсија, а обвинетиот Хуан Кала конечно се огласи и побара да се почитува презумпцијата на невисност.
– Очигледно е дека презумпцијата на невиност не се почитува во Шпанија. Не се грижете, нема да се кријам – изјави Кала кој најави дека утре ќе одржи прес конференција и ќе одговори на сите прашања.

ВИДЕО: Триумфот на Кадиз во сенка на расистичкиот скандал во кој го навредуваа фудбалерот на Валенсија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот