Нов шок на Мундобаскетот, Франција ги исфрли Американците

Французите во полуфиналето ќе се сретнат со Аргентина која вчера го елиминира вториот голем фаворит за трофејот, Србија. Иако беше предвидено да играат во полуфиналето, репрезентациите на САД и на Србија ќе играат меѓу себе во разигрувањето од 5 до 8 место.

Првата четвртина донесе израмнета игра на двете репрезентации кои имаа свои моменти, се менуваа во водство, но на крајот резултатот беше израмнет (18:18). Првиот удар го зададоа  „триколорите“ и тоа во втората четвртина во која заиграа далеку поцврсто во одбраната, а исто така им проработе и шутот за три поени по што на полувреме заминаа со шест поени разлика (45:39).

Второто полувреме го започнаа фуриозно, Руди Гобер, Николас Батум и Еван Фурние одиграа фантастично и брзо дојдоа до двоцифрена предност (51:41). Одговорот на САД кој на Мундобаскетот дојде без најголемите ѕвезди, беше Донован Мичел кој со серија поени на три минути до крајот на третата четвртина донесе израмнување (60:60). Неколку моменти подоцна, со поените на Маркус Смарт од слободни фрлања, САД поведе со 63:62, а на почетокот од последната четвртина дојде и до предност од седум поени (76:69).

Тогаш следеше серија на Французите, преку Нкитилина го измранија резултатот, што внесе нервоза кај Американците и почнаа брзоплето да ги завршуваат нападите. Тоа го искористи противникот кој со сигурна игра на Де Коло, Гобер и на Фурние успеа да дојде до победата која ги однесе во полуфиналето и пресметка со Аргентина.

Еван Фурние со 22 поени и Руди Гобер со 21 ја предводеа Франција, додека на другата страна, Донован Мичел уфрли 29 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот