Нов „Сан Сиро“? Да бидеме реални тоа не е возможно

Градоначалникот на Милано, Бепе Сала ги предупреки Интер и Милан дека нивните планови за заедничка изградба на нов стадион во близина на „Сан Сиро“ во моментов се нереални. Двата тима од Милано неодамна го претставија идејното решение за новиот стадион покрај кој би биле изградени и дополнителни објекти од кои би имале корист сите жители.

Изградбата на новиот „Сан Сиро“ би чинела околу 700 милиони евра, а клубовите би ја финансирале со помош на градот. Но, тоа засега е неизводливо.

– Мораме сите заедно да работиме и да дојдеме до решение кое на сите ќе им одговара. Тоа што двата клуба, Интер и Милан го замислија во моментов е невозможно да се реализира, посебно кога станува збор за земјиштето на кое би се градел комплексот. Оваа идеја за градот е интересна, но финансиски е незводлива и мораме да пронајдеме ново решение и план – изјави Сала.

Интер и Милан размислуваа и за реновирање на „Сан Сиро“ но се откажаа од оваа идеја бидејќи тоа би чинело премногу, а градбата би траеле исто колку и новиот стадион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот