НОВ РОМАН: „Шрапнел“ од Игор Анѓелков

Како 181. издание во популарната едиција „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-или“ на 24 февруари од печат ќе излезе новиот роман „Шрапнел“ од Игор Анѓелков. Седум години по романот „Фото синтеза“, во неговиот трет роман Анѓелков низ неколку наративни линии ги преиспитува суптилните релации меѓу историјата, личното сеќавање, односот со најблиските и општествените околности кои влијаат врз емотивното и приватното. Дизајнот на корицата на „Шрапнел“ е на Марија Смилевска.

Авторот Игор Анѓелков (1974) дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство, а магистрирал на мастер студиите по „Медиуми и комуникации“ на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Со години наназад активно е присутен во периодиката со низа критички осврти и рецензии од областа на филмот, музиката, книжевноста.

Официјалното книжевно деби го имаше во 2006 година со збирката раскази „Кротки приказни“, а потоа следеа и романите „Крај-пат“ (2010) и „Фото синтеза“ (2013), кој беше финалист за „Рациновото признание“. Анѓелков зад себе има и две дела од областа на филмската есеистика: „Филм.мкд“ (2015), за што ја доби Државната награда за публицистика „Мито Хаџивасилев Јасмин“, и „Филмски град“ (2018). „Шрапнел“ е негов трет роман.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 19, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 22-23 февруари 2020 година)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот