Нов репрезентативец во Еурофарм Работник

фото: рк металург

Екипата на Еурофарм Работник продолжува со засилувањата за следната сезона, нов играч на битолскиот тим е Мартин Велковски.
Вицешампионот на Македонија потпиша четиригодишен договор со десниот бек на репрезентацијата.

Велковски минатата година беше капитен на Металург, но поради финасиските проблеми на тимот од Автокоманда одлучи да кариерата да ја продолжи во амбициозниот битолски тим кој во следната сезона ќе биде дел од СЕХА лигата, а аплицираше и за вајлд карта за Лигата на шампионите. Доколку не биде дел од елитното натпреварување, Еурофарм со сигурност ќе настапи во ЕХФ Купот.

Велковски е четвртото засилување за Еурофарм Работник, претходно тимот се засили и со Никола Митревски, Бојан Маџовски и словенечкиот интернационалец Ратајац.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот