Нов рекорд во Турција – повеќе од 82.000 заразени

Медицинско лице во Турција / Фото: EPA

Турција забележа 82.180 нови случаи на Ковид-19 во изминатите 24 часа, што е највисок дневен број за време на пандемијата, покажуваат денешните податоци на Министерството за здравство.

Во истиот период се регистрирани 174 смртни случаи поврзани со оваа болест, пренесува Ројтерс.

Нашите здравствени работници се на своите работни места. Ако е време за вашата трета доза од вакцината, не одложувајте поради временските услови – порача на Твитер министерот за здравство Фахретин Коча.

На крајот на декември имало околу 20.000 заразени дневно, пред бројот да се зголеми поради новиот вид омикрон, според Ројтерс.

Видео на денот