Нов рекорд: Биткоин се приближува кон 67.000 долари

Биткоин/ Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Најголемата криптовалута во светот по пазарна капитализација се зголеми за повеќе од 2,0 проценти. Во моментов чини 66.841 долар по единица и се приближува кон 67.000УСД, надминувајќи го претходниот рекорд од 64.899 долари, што го постави во средината на април, пренесува CNBC.

Последен пат кога биткоин го допре рекордот беше пред шест месеци, на 14 април 2021 година, а цената беше 64,804 долари по единица.

Оптимистичките изјави на инвестицискиот ветеран и милијардер Пол Тудор Џонс го подигнаа расположението на пазарот и придонесоа за раст на вредноста на биткоинот.

„Биткоинот ќе биде одлична заштита. Криптовалутите ќе бидат одлична заштита … сосема е јасно дека тој (биткоин) во моментов води во натпреварот со злато … мислам дека и тој ќе биде добра заштита од инфлација. Во моментов преферирам пред златото“, рече Џонс.

Фјучерси за тргување со биткоин започнаа на берзата во Њујорк вчера, а главен играч беше „ProSears Bitcoin Strategy ETF“, која започна со тргување по цена од 40 американски долари по акција, под ознаката „БИТО“ и го заврши денот со раст од 5,0 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот