Нов рецепт од кујната на Дијана Иваноска: Рустични галети со печурки, карамелизиран кромид и јајца

Дијана Иваноска
Рецепт на Дијана Иваноска / Фото: Приватна архива

Животот навистина може да биде беспрекорно вкусен, а тоа го потврдува и Дијана Иваноска од Тетово, која со својот талент за комбинација на вкусови нè носи на едно исклучително гастрономско патување.

Иваноска стои зад инстаграм-профилот „Dash of Spice“ и ни ги открива малите тајни за создавање магија од вкусови. Своите рецепти почнала да ги споделува со своите следбеници и пријатели од почетокот на пандемијата.

„Го сакам секој дел од процесот, но најмногу уживам во фотографирањето на храната“, ни открива Дијана.

Денеска со нас споделува рецепт за мини галети со печурки и јајца.

„Овие рустични галети се совршен спој на путерно, ровко тесто, карамелизиран кромид и јајце. Превкусна комбинација која топло ви препорачувам да ја пробате“, вели таа.

Дијана Иваноска
Рецепт на Дијана Иваноска / Фото: Приватна архива

За 4 мини галети е потребно:

За корите:
– 160 г брашно
– 1/2 лажиче сол
– 113 г путер ладен и ситно исецкан
– 60 мл ладна вода
За филот:
– 400 г печурки (шампињони)
– 2 средно големи главици кромид
– свежа (или сува) мајчина душица
– 3 лажици маслиново масло
– 15 мл соја сос
– 100 г кашкавал (рендан)
– сол, свежо мелен црн пипер
– 4 мали јајца
– 1 јајце за премачкување

Подготовка:

Измешајте го брашното со солта и додадете го ладниот путер. Тријте го путерот во брашното додека добиете ронлива смеса. Додадете ја ледената вода и замесете тесто. Поделете го тестото на четири дела и секој дел завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер барем еден час. Во тава загрејте го маслото и пржете го кромидот на тивко додека карамелизира. Додадете ги печурките и пржете додека испари целата течност. Ставете сол, бибер и соја сосот и пржете уште 5 минути. На крај додадете ја мајчината душица и тргнете од оган. Загрејте ја рерната на 200 степени. Развлечете го секое топче тесто во круг 20 цм. Ставете го тестото на хартија за печење. На средината нанесете го кашкавалот оставајќи 2 цм на краевите без фил. Додадете ја смесата со печурки над кашкавалот. Свиткајте ги краевите тесто над филот. Премачкајте ги краевите со изматеното јајце и печете околу 20 минути. Направете длабнатина во филот на секоја галета. Скршете 4 јајца во 4 мали садови. Ако е големо јајцето отстранете дел од белката. Нанесете ги јајцата во длабнатините и печете уште 10 минути. Гарнирајте со мајчина душица и уживајте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот