11 C
Скопје

Нов протест на угостители и музичари во Скопје: Од среда најавија дека секој ден ќе бидат на улица до исполнување на нивните барања

Сопствениците на ресторани за организирани прослави, на ноќни клубови, на фото студија и музичари денеска повторно протестираа и ги повторија нивните барања до Владата. Тие бараат укинување на забраната за работа и да работат по најстроги протоколи. Незадоволни се што не се вклучени во петтиот пакет антикризни мерки и бараат од Владата да направи посебен пакет мерки за нив.

Најавија дека од среда ќе протестираат секој работен ден во Скопје и во другите градови, се до исполнување на нивните барања.

Повторија дека се единствените економски оператори на кои им е забранета примарната дејност од првиот ден на пандемијата и посочија дека од сопствени средства исплаќаат плати за вработените и плаќаат комунални трошоци, кирии, итн.

– Ние не работиме затоа што Владата има дадено забрана за вршење на нашата примарна дејност и поради тоа треба да ни помогне финансиски да ја надминеме пандемијата, се додека не почнеме повторно со работа. Будно ја следиме епидемиолошката состојба во државата и сме свесни за моментната ситуација, па поради тоа во првата фаза бараме да ни се дозволи да можеме да работиме под истите услови и протоколи, како и скратеното работно време како што работат сите останати а ла карт објекти, беше истакнато на протестот.

Прочитајте и...  ЈО: Побаран притвор за две лица осомничени на возраст од 22 и 19 години за насилство при протестите за „Монструм“

Поврзани вести

ЕУ го повика кубанскиот амбасадор да го објасни потписот на контроверзното писмо на Бајден

Слободен печат

Мјанмар го отповика амбасадорот во ОН

Слободен печат

Екс премиерот Љубчо Георгиевски: 5 политчко-дипломатски предлози како да се подобрат Македонско – Бугарските односи

Слободен печат

Медиумите во Полска се плашат од „државен удар“

Џејмс Шотер/Financial Times

Повеќето земји во Европа воведуваат или го продолжуваат затворањето

Слободен печат

САД ќе воведе специјални мерки за патниците од африканските земји погодени од ебола

Слободен печат

Остави Коментар