Барања од протест во Кичево против поскапување на струјата: Укинување на монополот на ЕВН, распуштање на РКЕ, намалување на цената

Фото: mia.mk

Група кичевци попладнево протестираа против поскапувањето на електричната енергија. Тие повторно се движеа бавно во колона од неколку десетици возила на магисталата Скопје – Охрид во делот што минува низ Кичево, од селото Другово, до крстосницата кај РЕК „Осломеј”.

Од Иницијативниот одбор соопштија дека целта на протестот е да се потенцираат веќе познатите барања за ​​повлекување на одлуката за зголемување на цената на електричната енергија од 7,4 проценти, за намалување на нејзината цена за домаќинствата за 46 отсто, за укинување на монополот на услугите на ЕВН, за распуштање на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и за формирање „независна Регулаторна комисија во служба на граѓаните, што ќе го контролира квалитетот на услугите од областа на енергетиката”.

Тие, исто така, побараа и намалување на ДДВ-то од 18 на 5 отсто и за укинување на доплатата од 33 проценти на електричната енергија. Инаку овој беше вкупно шести протест против поскапувањето на струјата во Кичево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот