Нов „пробив“ на Кина: Турците го користат јуанот

Јуанот продолжува да добива меѓународно влијание во однос на доларот и еврото.

Турските компании во различните сектори увозот од Кина го плаќале со кинески јуани преку релевантни банки, се наведува во соопштението на Централната банка на Турција, пренесува Индикатор.

Со тоа јуанот продолжува да добива меѓународно влијание во однос на доларот и еврото.

Се очекува дека ова дополнително ќе ја зголеми соработката меѓу Турција и Кина и ќе им овозможи на комерцијалните банки да го прошират својот асортиман на производи кои одговараат на меѓународните трговски и финансиски активности, се вели во соопштението на банката.

Турската централна банка и Народната банка на Кина минатата година потпишаа договор за аранжман со кој се предвидува размена на валути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот