Нов пристап на Карпош за локален одговор на ковид-19

Големиот број случаи на корона-заболени во Општина Карпош бара интензивирање на активностите и нов пристап на локален одговор на заканите. Утринава, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев ги прифати предлозите на тимот, во кој учествуваше и претставникот од граѓанската организација Центарот за добро владеење и интегритет, Заге Филипоски.

На координацијата се утврдија конкретни мерки, за локален пристап во борбата со коронавирусот.

– Нашите анализи укажуваат дека најголем број на носители на вирусот ковид-19 се младите луѓе, кои пренесуваат на своите блиски роднини и пријатели. Како општина и како граѓани работиме да изнајдеме најефикасен начин да ги прекинеме линиите за пренос на болеста. Да изнајдеме алтернативни мерки , за да се даде поефикасен локален одговор, рече Богоев.

Прочитајте и...  Австралија „гори“, температури над 40 степени Целзиусови

Преку програмата на „ЦИВИКА МОБИЛИТАС”, ќе се спроведе проектот за зголемување на капацитетите на членовите на Општинскиот кризен штаб.

– Како граѓани не можеме да останеме рамнодушни и да очекуваме институциите самостојно да се изборат со кризата. Треба да преземеме дел од одговорноста. Во таа насока оваа соработката со Општина Карпош претставува голем предизвик за соодветен граѓански одговор на кризата предизвикана од КОВИД-19. Лично сметам дека животот може и треба да продолжи по нормалниот колосек, а секој од нас да преземе дел од одговорноста, и да се однесуваме одговорно и кон себе и кон другите. Многу е едноставно, додека ги обавуваме секојдневните активности, да држиме дистанца и да користиме заштитни маски и дезинфикација, а Општината ќе ни помогне со организација и координација. Личната одговорност и почит кон другите не може никој да ни ја замени, истакна Филипоски.

Прочитајте и...  Пленковиќ во самоизолација: Сопругата на хрватскиот премиер позитивна на ковид-19

Локалната самоуправа и тековно во изминатиот период соработуваше со сите локални чинители: граѓани, граѓански организации, стопански субјекти, заедници на сопственици и слично. Сепак, во периодот што претстои неопходно е да се интензивира оваа комуникација, со цел континуирано спечување на ширење на вирусот.

Од почетокот на пандемијата вложувавме во дезинфекција на јавни површини, улици, игралишта и платоа, каде што има зголемена фреквенција на граѓани. Од јуни, се оранизираа и маалски патроли за информирање на граѓаните, а беа поделени и 3.000 заштитни маски за населбите во кои живеат поголем број на социјално – загрозени граѓани. Обезбедивме поддршка и за училиштата, а со последниот реабаланс на Буџет се зголемија средствата за дезинфекција и ИТ опрема за наставниот кадар. Следете ја веб страната на Општина Карпош ( www.karpos.gov.mk ), за континуирано да се информирате за новитеопштински препораки и активности во борбата со ковид-19.

Прочитајте и...  ФОТО: Косово му подигна и споменик на Бо, починатиот син на Џо Бајден

Поврзани вести

ВИДЕО: И мртвите немаат мир, азербејџански војници сквернават ерменски гробови

Слободен печат

Откриено која крвна група е поотпорна од другите во однос на коронавирусот

Слободен печат

Турција бележи негативни рекорди, 182 смртни случаи од ковид-19 во последното деноноќие

Слободен печат

ВИДЕО: „Бомба“ или само петарда: Откриена вонбрачната ќерка на Путин, тинејџерка е и милионерка!?

Слободен печат

Костовски до Заев: Не е доволно да се каже дека е Македонец, нека одговори на некои прашања

Слободен печат

Техеран: Протести поради убиство на истакнат научник

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian