Нов пресврт во Тотенхем, отпаѓа и Фонсека, а нов фаворит е екс тренерот на Елмас

epa09278683 (FILE) - Napoli's head Gennaro Gattuso during Italian Serie A soccer match SSC Napoli vs AFC Fiorentina at the San Paolo stadium in Naples, Italy, 18 January 2020 (reissued 17 June 2021). Seria A soccer club Fiorentina and new head coach Gennaro Gattuso on 17 June 2021 dissolved their contract, 23 days after Gattuso was appointed. EPA-EFE/CESARE ABBATE

Неверојатни вести доаѓаат од Лондон.

Португалскиот тренер Паоло Фонсека, сепак нема да седне на клупата на Тотенхем иако беа договорени сите детали од договорот. Причина за крахот на преговорите е даночниот систем во Велика Британија, односно далеку поголемите даноци во однос на Италија и Португалија.
Оваа вест ексклузивно ја пренесе италијанскиот новинар Џанлука ди Марцио кој еден ден претходно откри дека Џенаро Гатузо по само две недели ја напушти Фиорентина. Гатузо минатата сезона седеше на клупата на Наполи чиј член е македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Токму Гатузо е новиот фаворит за клупата на Тотенхем и според неофицијалните информации тој веќе ги договорил личните услови со англискиот тим. Гатузо треба да потпише двегодишен договор кој ќе му носи 2.5 милиони евра по сезона.

Видео на денот