Нов пресврт на Мајами за водство од 2:0 во победи (ВИДЕО)
Кошаркарите на Мајами хит со 106:101 го совлдаа Бостон селтикс и поведоа со 2:0 во победи во финалето на Источната конференција.
„Жешките“ до победата повторно дојдоа откако направија голем пресврт, се вратија од двоцифрена негатива и во неизвесна завршница иселагоа како подобри од Бостон.
Бостон пред крајот на првото полувреме имаше предностод дури 17 поени, а двоцифрената разлика ја одржуваше и на стартот од третата четвртина.
Но, во вториот дел се разигра јунакот од првиот натпревар Бам Адебајо кој заедно со одличниот Горан Драгиќ беа најзаслујжни што „жешките“ ја надополнија негативата и пред последната четвртина поведоа со 84:77.
Последните 12 минути беа исполнети со пресврти, Бостон возврати и поведе со 93:95, но тогаш Драгиќ со пет поени повторно му носи предност ја Мајами од 100:95.
Кошаркарите на Бостон се обидоа да се вратат во игра со двете тројки на Џејлен Браун, но Џими Батлер од линијата за слободни фрлања ги реши дилемите околу победникот и на својот тим му донесе водство од 2:0 во финалната серија.
Горан Драгиќ со 25 поени го предводеше Мајами, Адебајо постигна 21 поен и 10 скокови, а Данкан Робинсон даде 18 поени. Кај Бостон, Кемба Вокер беше најпрецизен со 23 поени, Џејлен Браун уфрли 21, а исто толку пени даде и Џејсон Тејтум. Третиот натпревар во финалната серија на Истокот ќе се игра во недела од 02:30 часот.