НОВ ПРЕСВРТ: Американскиот шпион ПОСЛЕДЕН ПАТ бил виден на Балканот

фото: Википедија

Драмата за американскиот шпион во Русија се разбрани во јавноста, кога медиумите објавија дека станува збор за Олег Смоленков, член на администрацијата на Владимир Путин, кој исчезнал во 2017 година.

Повикувајќи се на неименувани извори од Белата куќа, Си-Ен-Ен известиле дека шпион бил тргнат од Москва заради опасност дека би можел да биде разоткриен од претседателот Трамп. Шпионот бил повлечен откако во мај 2017 година, Вашингтон го посетиле рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров и амбасадорот Сергеј Кисљак.

Покрај тоа што се тврди дека се работи за шпион од највисок ранг, Си-Ен-Ен не го откриле неговиот идентитет.

Преку интернет, медиумите заклучиле дека може да се работи само за Олег Смоленков кој исчезнал во јули истата година во Црна Гора. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков го потврдил неговото постоење, но истакнал дека никогаш немал директен контакт со Путин.

Смоленков пред 2010 година работел во руската амбасада во Вашингтон, а потоа и во владината канцеларија, пред да стане државен советник од трета класа во Москва. Со жената и трите деца на 4 јули, 2017 година, тој заминал на одмор во Црна Гора, каде сите исчезнале без трага.

По неговото исчезнување, Русија подигнала истрага за убиство. Постапката неколку пати застанала, па повторно започнала.

Според пишувањата на Дејли Сторм, сопругата на Смоленков имала неколку профили на социјалните мрежи на кои некој се пуштил недели по исчезнувањето.

Црна Гора или Вирџинија

Иако е можно фамилијата да била убиена во Црна Гора, поверојатно е сценариото по кое тие сега живеат во Вирџинија, под заштита на американската влада, пишува истражувачкиот портал Белингкет.

Постојат записи од 2018 години, според кои „Олег и Антонија Смоленков“, брачен пар со истите имиња како тие што исчезнале во Црна Гора, купиле куќа во Вирџинија за 920.000 долари.

Новинари на Ен-Би-Си ја посетиле куќата, но по пристигнувањето биле пресретнати од „момци во џип“ кои го надгледувале имотот.

Шефот на Белата куќа, Доналд Трамп изјавил дека за аферата која ја откриле Си-Ен-Ен ништо не знае.

– Што е до мене, во ред е што и да одговорила ЦИА. Јас не знам ништо – рекол Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот