Нов предизвик на социјалните мрежи кој го надмина трендот на перниците! (ФОТО)

Instagram

Во оваа доба на пандемија и каде што владее карантинот, судејќи според откачените предизвици луѓето се забавуваат. Најпрво правеа фустани од перници и јоргани, а сега се префрлија на вреќи. Како и во претходните предизвици, потребно е да го искористите она што ќе го пронајдете дома и да се обидете барем долумно да се прекриете.

Предизвикот со перниците бараше носење на ремен, но кај ќесите тоа не е задолжително. Во овој предизвик може да се користат пластични и хартиени ќеси, кои прилично добро функционираат во улогата на кратки фустани или долги свечени тоалети доколку споите повеќе во едно. Некои се досетија да ги искористат рачките на кесите како прерамки, додека други едноставно само замотаа ќеси околу себе.

View this post on Instagram

Paper Dress Challenge!

A post shared by Jennifer Crawford (@jencstyle) on

Кога започна трендот, започнаа објави на Инстаграм каде многумина буквално го превртуваат својот дом за до го најдат „материјалот кој им одговара“.

„Како ви се допаѓа мојот фустан? Колекција пролет/лето 2020“, стој покрај повеќето објави од овој предизвик.

Некои креации изгледаат толку добро што би можеле со нив да се шедтате и надвор, а можеби некои ќе се одлучат за таков предизвик кога ќе престанат мерките на изолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот