НОВ ПРАВИЛНИК: Oсновците на екскурзиите ќе го посетуваат Музејот на албанската азбука во Битола

Фото: МИА

По иницијатива на претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети вчера е потпишан нов правилник за екскурзиите на учениците од основно образование, каде стои дека „сите ученици од основните училишта во Северна Македонија во рамки на ексурзиите треба да го посетат Музејот на албанската азбука во Битола”. Ова денеска го соопшти министерот за образование и наука Арбер Адеми на свечената академија по повод Денот на Албанската азбука во Битола.

– Колку и да е мал овој чин, ја има својата симболика за да и се даде важност и да се третира оваа тема од сите наши деца и ученици уште од освновното образование. Посакувам почесто да имаме вакви настани, промоции на книги и изложби и да бидат претставени во најдобро можно светло- истакна Адеми.

Тој потенцира дека во соработка со Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје имале промоции на книги, изложби и како што рече, „во текот на оваа година го зајакниле кадровскиот капацитет и го удвоиле бројот на отсеци кои работат во рамките на Институтот”.

Инаку, на свечената академија во Битола присуствуваше и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, почесни конзули, владини министри и градоначалници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот