Нов пожар во јужниот дел на грчкиот остров Евија, силниот ветер го отежнува гасењето

Пожар на островот Евија/ Фото: EPA-EFE/WASSILIS ASWESTOPOULOS

Нов пожар избувна на грчкиот остров Евија, но во јужниот дел, а од локалното население од селото во близина на огнената стихија беше побарано превентивно да се евакуираат, јави дописничката на МИА од Атина.

Според противпожарната служба на Грција, пожарот се гаси од копно и воздух, а според медиумите од островот, интервенираат 24 пожарникари со 12 возила, четири хеликоптери, два авиони, но и волонтери.

Силниот ветер дополнително ја отежнува работата на пожарникарите

Преку бројот за итни случаи 112 беше испратена порака до жителите на Месохорија и побарано веднаш да се евакуираат.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот