Нов повик на ЕСМ за набавка на природен гас за топланите

Топлификација БЕГ парно греење / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

ЕСМ Продажба објави повик за прибирање понуди од домашни и странски компании кои имаат можност да обезбедат и да испорачаат потребна количина на природен гас за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останатите потрошувачи на природен гас во државата, пред се поголемите производствени и услужни капацитети.

Со оглед на тоа што на претходно распишаниот повик од АД ЕСМ имаше понуди кои не беа верификувани, а досегашниот испорачател „Промгас – Макпетрол“ со кој досега имавме договор не достави понуда, нов повик е распишан од страна на ЕСМ Продажба – информираат од ЕСМ.

Оттаму додаваат дека повикот ќе биде од отворен карактер, и во однос на количините и во однос на времетраењето на испораката од страна на снабдувачите, за периодот од 1 јануари до 30 април 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот