Нов потпис во Реал, клаузула од 750 милиони евра!

фото:твитер

Како што пренесува „Марка“, благодарение на досегашните одлични партии оваа сезона Валверде е вистинско откритие и добива сè поголема доверба кај францускиот стратег.

Уругваецот му возвраќа на клубот со перформанси на врвно ниво, а во последно време и со голови. Стана практично незаменлив во првиот состав, па од клубот одлучија да го наградат со нов договор.

Доби нова соработка која трае до лето 2025. година, во која ќе има откупна клаузула од 750 милиони евра. Платата му е зголемена, па доколку продолжи во ваков ритам, уште долги години ќе биде на „Сантјаго Бернабеу“.

Пронајден е по се изгледа еден наследник од трофејното трио од средниот ред, Модриќ – Крос – Касемиро, а можно е наредното лето во клубот да дојде уште некое ново име.

Зидан го посакува Пол Погба, се шпекулира дека мадридскиот гигант покажува интерес и за Кристијан Ериксен, како и за Фабиан Руиз од Наполи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот