Нов потег на Кина по посетата на Ненси Пелоси на Тајван

Фото: EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Од денеска Кина го прекина увозот на овошје и два вида рибни производи од регионот на Тајван, изјави Ма Ксијаогуанг, портпарол на Канцеларијата за прашања на Тајван при Државниот совет, пренесе „Нова“.

Увозот на грејпфрут, лимони, портокали и замрзната скуша од Тајван е забранет, јавува Кинеското меѓународно радио.

„Извозот на природен песок од копното на Кина во Тајван, исто така, е прекинат“, рече Ма, пренесе Танјуг.

Најновото влошување на односите во Тајванскиот теснец се случи поради посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на Тајван, кој Кина го смета за дел од својата територија.

Видео на денот