НОВ ПОРАЗ ЗА ЏОНСОН: Британскиот парламент по вторпат го отфрли предлогот за распишување избори

Нов пораз му нанесоа британските парламентарци на премиерот Борис Џонсон откако отфрлија барање за превремени избори на 15 октомври. Со само 293 гласови „за“ далеку од неопходните две третини во Парламентот со 650 места, пратениците отфрлија синоќа по вторпат за изминатите пет денови предлог на Џонсон.

Пред гласањето шефот на Владата рече дека нема да бара ново одлагање на брегзит предвиден за 31 октомври и покрај тоа што вчера во сила влезе закон кој го предивидува тоа.

Со тој текст премиерот треба да побара од ЕУ одлагање ако не се постигне договор за напуштање на 19 октомври.

Вчерашната седница во Долниот дом беше последна пред прекинот на работата на Парламентот за пет недели по одлуката на Џонсон. Таа ќе остане запаметена и со ненадејната одлука на претседателот на Долниот дом, Џон Баркоу кој поднесе оставка по 10 години на функција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот