Нов пораз на Вардар, Втората лига се поблиску за „црвено-црните“

Фото: fkvardar.mk

Фудбалерите на Вардар загубија од Борец со 2:0 во рамки на 30. Коло во првата фудбалска лига и дополниелно ги намалија шансите за опстанок.
Вардарци на три кола до крајот на сезоната се наоѓаат на претпоследното 11 место на табелата со 31 бод, еден помалку од Ренова која е на десетта, позиција која носи во баражот за опстанок. Но „гипсарите“ во наредното коло ја пречекуваат веќе отпишаната Беласица, додека Вардар игра против Работнички.
На денешниот натпревар, Борец славеше против Вардар со головите на Мишов во 15. минута и на Адили во 81. минута.
Ренова одигра 1:1 на гостувањето кај Ададемија Пандев која поведе со голот на Миловановиќ во првото полувреме. Реновадо израмнување дојде на стартот од вториот дел преку Селмани.
Сега веќе новиот шампион Шкендија го одигра најефикасниот натпревар славејќи со 3:5 на гостувањето кај Работнички.

Резултати:
А. Пандев – Ренова 1:1
Беласица – Силекс 1:3
Борец – Вардар 2:0
Македонија ЃП – Пелистер 3:0
Работнички – Шкендија 3:5
Струга ТЛ – Шкупи 0:0

Табела: Шкендија 71, Шкупи 56, Македонија ЃП 51, Струга ТЛ 48, Работнички 41, Пелистер 38, Борец 36, Силекс 35, Академија Пандев 35, Ренова 32, Вардар 31,Беласица 17.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот