Нов пораз на младите кошаркари на Европското првенство, следи битка за опстанок во А-дивизијата

фото: КФСМ

Македонската јуниорска машка репрезентација доживеа нов пораз на Европското првенство до 18 години А дивизија што се одржува во Измир, Турција. Овој пат, избраниците на селекторот Тони Симиќ загубија од Грција со 61:77 во натпревар за пласман пласман од 9 до 16 место, што воедно претставува и битка за опстанок во А-дивизијата.

Грците започнаа фуриозно и поведоа со 10:1 на стартот и првата четвртина ја завршија во своја корист со 23:17. Втората четвртина помина во знакот на младите македонски кошаркари кои успеаја да се вратат во игра и на одмор за заминат со минимална предност од 39:38.

Третата четвртина помина во израмнета игра, но во која Грција ја презеде контролата на играта во последните десет минути влезе до предност од 54:50. Во неа, избраниците на Симиќ одиграа лошо во нападот и за девет минути дадоа само шест поени, а тоа противникот знаеше како да го казни и на крајот славеше со 77:61.

Дабл-дабл ефект оствари Теодор Симиќ со 15 поени и 11 скока, Петар Бошалески и Андреј Шошкиќ придодадоа уште 12 поени. Пет поени реализира Лука Димитриевски, по четири постигнаа Тома Стојаноски, АЛек Петкоски и Виктор Стојковски, еден помалку запиша Марко Трипуноски, два поени пак постигна Петар Башоски.

И покрај поразот од Грција, Македонија има шанса да обезбеди опстанок во А-дивизијата и следната година, но потребно е да победат во наредните два натпревари, од кои првиот го игра за два дена против Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот