Нов пех за ракометарите: Стоилов нема да игра против Црна Гора, позитивен е на ковид-19

Стојанче Стоилов е позитивен на ковид-19/ фото: EPA-EFE/Zsolt Czegledi

На еден час пред почетокот на натпреварот против Црна Гора, лоши вести од таборот на ракометната репрезентација на Македонија.

Пикерот Стојанче Стоилов нема да може да настапи на натпреварот кој започнува во 18 часот бидејќи е позитивен на коронавирус.

„Денеска за жал ќе играме без Стојанче Стоилов, кој на последното тестирање доби позитивен тест на Ковид-19. Се надеваме Столе како еден од лидерите ќе биде во можност да се врати во составот за скоро време“, објави РФМ.

Ова е втор голем пех за репрезентацијата на Македонија, бидејќи непосредно пред дуелот од првото коло со Словенија, „црвено-жолтите“ останаа и без Кирил Лазаров кој заработи повреда на потколеницата и ќе има само селекторска улога на ЕП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот