Нов отказ за Попович, повикани шест замени

Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Грег Попович, соочен со секојдневните откази се одлучи да повика нови шест кошаркари кои ќе ги продолжат подготовките за настапот на Светското првенство во Кина.

Во последните неколку денови, стана секојдневие НБА ѕвездите да го откажуваат настапот на Мундобаскетот, а денеска тоа го стори и Пол Милсап. Претходно од настап на СП во Кина се откажаа уште и Ентони Дејвис, Џејмс Харден, Бредли Бил, Ерик Гордон, Си Џеј Меколум, Демиен Лилард, Тобајас Херис, Демар Дерозан, Кевин Лав и Зајон Вилијамсон.

Поради честите откази, селекторот Попович беше приморан да повика дури шест нови кошаркари, Џејлен Браун и Маркус Смарт од Бостон, Монтрез Харел од ЛА Клиперс, Мејсон Пламли од Денвер, Џулиус Рендл од Њујорк и кошаркарот на Чикаго, Тадеус Јанг.

Подготовките на репрезентативците на САД кои ќе се бранители на титулата ќе стартуваат на 5 август, а селекторот Попович освен новите шест кошаркари ќе може да смета уште и на Харисон Барнс (Сакраменто), Андре Драмонд (Детроит), Кајл Кузма (ЛА Лејкерс), Брук Лопез (Милвоки), Кајл Лаури (Торонто), Крис Мидлтон (Милвоки), Донован Мичел (Јута), Џејсон Тејтум (Бостон), Пи Џеј Такер (Хјустон), Мајлс Тарнер (Индијана), Кемба Вокер (Бостон).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот