НОВ ОСОМНИЧЕН ЗА УБИСТВОТО НА НОВИНАРКАТА ГАЛИЦИЈА: Уапсен поранешен шеф на кабинетот на премиерот на Малта

Протест во Малта за убиството на новинакрата во 2017-та година/ Фото: Архива на Слободен печат

Поранешниот шеф на кабинетот на премиерот на Малта, Кит Шембри денеска е уапсен поради истрага за убиството на новинарката Дафне Каруна – Галиција, соопшти полицијата.

Шембри вчера поднесе оставка откако полицијата соопшти дека ќе сослушуваат повеќе лица во врска со истрагата на новинарката Каруна – Галиција.

Тој беше под притисок да поднесе оставка откако минатата недела беше уапсен бизнисменот Јорген Фенеч, за вмешаност во убиството на новинарката Каруна-Галиција во Валета 2017 година, откако под нејзиниот автомобил беше поставен експлозив.

Во 2018 година беше откриено дека Фенеч поседува фирма во Дубаи, додека Шембри и малтешкиот министер за туризам Конард Мизи поседуваат оф-шор компании. „Тајм оф Малта” објави дека Шембри е поврзан со коруптивни договори.

За убиството на Каруна-Галиција досега се осомничени три лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот