Нов обид за формирање на влада во Косово

Фото: Принтскрин

Недоразбирањата помеѓу двете партии се поради поделбата на позициите, ЛДК бара нив да им припадне функцијата на собраниски спикер, пет министерства и поддршка од Самоопределување за нивниот кандидат за претседател на државата.

Остануваат уште осум дена до завршување на уставниот рок за формирање на нова влада на Косово, додека Движењето Самоопределување (ВВ) и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) се уште не успеваат да се договорат за заедничко формирање на новата влада.

После завршувањето на вчерашната средба помеѓу лидерите на ВВ и ЛДК беше соопштено дека и денеска ќе има средба, но на оваа средба ќе присуствуваат и шефицата на Канцеларијата на Европската унија (ЕУ) во Приштина, Наталија Апостолова и амбасадорите на земјите од таканаречената „Група Квинт”, односно петте најмоќни држави акредитирани во Косово – САД, Германија, Велика Британија, Франција и Италија.

Недоразбирањата помеѓу двете партии се поради поделбата на позициите, ЛДК бара нив да им припадне функцијата на собраниски спикер, пет министерства и поддршка од Самоопределување за нивниот кандидат за претседател на државата.

Потпретседателот на ЛДК, Агим Велиу вели дека Самоопределување побарале на средбата што ќе се одржи во вторникот да присуствуваат и амбасадорите и шефицата на Канцеларијата на Европската унија во Приштина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот