Различен тип муниција не гаѓа на исто место - Фотографија ЕПА, Катерина Клочко

Нов обид на НАТО да ја стандардизира муницијата

Северноатлантскиот сојуз повторно ќе се обиде да дефинира строги стандарди за муницијата и опремата, со цел да се намали производствената цена и да се олесни користењето оружја на бојното поле.

– Тоа не е лесно, ама е клучно. Стандардизацијата ќе помогне во ситуација кога земји од НАТО ќе мораат да одат во војна – најави генералниот секретар Марк Руте.

Анонимен функционер од Алијансата изјавил за Ројтерс дека приоритет е дефинирање на стандардите за муниција, а потоа за другата опрема.

Размерот на проблемот исплива на површината кога западните сојузници требаше да ѝ помогнат на Украина, доставувајќи ѝ артилериски гранати. Украинските единици употребуваа по илјадници гранати на ден, повеќе отколку што може да произведат погоните и да добијат од западните сојузници. Четиринаесет членки на НАТО го задржаа правото да користат муниција што отстапува од стандардите.

Хаубиците може да користат различен тип гранати во калибар од 155 милиметри, но топџиите мора ги приспособат дејствата и подготовките на прецизните спецификации на муницијата. Користењето различен тип гранати од 155 милиметри со исти нагодувања на хаубицата може да значи промашување за 50-ина метри. Артилерците користат табели за да го прилагодат нишанењето, но многу често податоците на муницијата не се целосни.

– Долго време ги запоставувавме податоците на таблиците. Сега сме блиску да ги комплетираме првпат по Студената војна – изјави анонимниот извор на Ројтерс.

Првиот чекор е договор за намера, потпишан од десет членки на НАТО, вклучувајќи ги САД, Обединетото Кралство и Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот