Нов независен театар: „Златен Елец“ како можност за невработените актери

Инспирирани од драмата „Галеб“ на А.П. Чехов, младите актери Бобан Алексоски и Надица Петрова, дипломирани пред неколку години на ЕСРА, неодамна го основаа независниот театар „Златен Елец“. Театарот требаше да биде промовиран во месецот на театарот – март, но поради ситуацијата со коронавирусот, отворањето и почнатите проекти се ставени во мирување до крајот на вонредната состојба.

– Го оформивме новото здружение за независен театар заради потребата на уметникот да креира во континуитет, посебно на актерот, младиот актер што денес се соочува со огромен проблем – вработувањето. Додека чекаме да добиеме своја матична куќа, решивме да го развиеме „Златен Елец“ со свои продукции и работилници – објасни Бобан Алексоски.

Бобан Алексоски

Првата премиера на театарот „Златен Елец“ ќе биде комедијата со работен наслов „Тоа е мое пиво или Еротика“ во режија на Ѓорѓи Ризески. Во екипата, освен Надица и Бобан, како алтернација за еден лик ќе се менуваат Марко Илиќ и Ненад Ангелковиќ, исто така дипломирани пред неколку години. Премиерата треба да се случи во Драмски театар во Скопје, а репризата во Македонски народен театар. Покрај комедијата, планираат подготовки и на претставата за деца „Школа за волшебници“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 24, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 28-29 март 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот