Нов непримерен испад на англискиот репрезентативец (ВИДЕО)

Деле Али се најде во центарот на вниманието поради погрешни причини.

Англискиот репрезентативец Деле Али, кој игра и во Премиер лигата е повторно мета на медиумите откако снимил, за потоа да објави видео со расистичка, навредлива и бесчувствутелна содржина.

Али се снима на аеродром со капа и со заштитна маска, а на човекот кој седеше во непосредна близина до него му рече: „Корона, што? Ве молам, слушнете го ова. Вирусот мора да биде побрз од тоа за да ме стигне“, напиша Деле Али како порака во видеото.


Веднаш откако го објави видеото, фудбалерот се најде на удар на јавноста која е згрозена од неговиот бесчуствителен смисол за хумор, поради што јавно се извини за лошиот пример:

– Искрено се извинувам. Никогаш немав намера да навредам некого – изјави Али.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот