НОВ НАПАД ВО САД: Еден убиен и повеќе ранети во американска воена паза во Флорида

Во военопоморската воздухопловна база Пенсакола, во американската сојузна држава Флорида, денеска дојде до тежок вооружен инцидент во кој едно лица загина, а повеќемина други се повредени, јавија американските меидуми. Во инцидентот загинал и самиот напаѓач.

Базата потврди дека на нејзина територија имало воружен напаѓач, кој отворил оган врз луѓето во неа.

Според непотврдени информации, во нападот има околу 10 ранети лица, по што напаѓачот бил убиен.

Службата на шерифот на округот Ескамбика, соопшти на Твитер дека може да „потврди дека веќе нема активен напаѓач во Пенсакола. Тој е прогласен за мртов”.

Американските военопоморски сили на Твитер потврдија дека, освен осомничениот напаѓач, во вооружениот инцидент е убиено и друго лице.

На местото на инцидентот се распоредени три медицински хеликоптери и неколку воени возила за прва помош.

Пукањето доаѓа само два дена откако артилерец уби двајца цивили и рани уште тројца во копнената база Перл Харбур-Хикам, на Хаваите, пред самиот да си го одземе животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот