Нов модел за субвенционирање бараат туристичките работници

Доколку сакаме да бидеме во чекор со соседните земји, тогаш потребен ни е нов модел за субвенционирање на туризмот. Здруженијата од туристичкиот сектор со заеднички предлог бараат да се смени правилникот за државно субвенционирање чија примена истекува до крајот на оваа година, а е донесен пред 10 години. Олеснување на бирократските процедури и еднаков третман на странските и домашните тур-оператори се главни барања на здуженијата.

– Даваме можност домашните и странските тур оператори од сите земји да имаат еднаков можност за аплицирање за добивање на тие субвенции. Им се дава од секоја земја од светот можност да дојдат во Македонија и да кренат чартер доколку тие тоа го проценат. Исто така се скратуваат бирократските процедури, се дава една подиректна и по отворена насока“, рече Асим Меџедовиќ – кординатор на агенции на ХОТАМ.

Според здруженијата, можното воведување на банкарска гаранција до 100.000 евра за туристичките агенции, која би била гаранција за исполнување на правата на туристите кои патуваат преку нив, нема да ја даде потребната ефикасност. Потребно е воведување на осигурителна полиса која ја користат сите европски земји.

– Банкарската гарација во нашиот дел не е конкретно решение и не ни помага во понатамошниот развој. Треба да се потрудиме сите заедно да стигнеме до етапа каде што би успеале да дојдеме до решение со осигурување од солветност коешто ќе ни помогне во понатамошниот развој… – изјави Александар Кузмановски, Национална асоцијација за дојдовен туризам.

Во работната група присуствуваше и министерот за економија Крешник Бектеши кој ги ислуша предлозите на претставниците од туристичкиот сектор. Најави нова средба за што побрзо да се најде најдобро решение за моделот за субвенционирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот