Нов модел за субвенционирање бараат туристичките работници

Доколку сакаме да бидеме во чекор со соседните земји, тогаш потребен ни е нов модел за субвенционирање на туризмот. Здруженијата од туристичкиот сектор со заеднички предлог бараат да се смени правилникот за државно субвенционирање чија примена истекува до крајот на оваа година, а е донесен пред 10 години. Олеснување на бирократските процедури и еднаков третман на странските и домашните тур-оператори се главни барања на здуженијата.

– Даваме можност домашните и странските тур оператори од сите земји да имаат еднаков можност за аплицирање за добивање на тие субвенции. Им се дава од секоја земја од светот можност да дојдат во Македонија и да кренат чартер доколку тие тоа го проценат. Исто така се скратуваат бирократските процедури, се дава една подиректна и по отворена насока“, рече Асим Меџедовиќ – кординатор на агенции на ХОТАМ.

Прочитајте и...  Хамнеи: САД се однесуваат кон другите, исто како полицајците кон Флојд

Според здруженијата, можното воведување на банкарска гаранција до 100.000 евра за туристичките агенции, која би била гаранција за исполнување на правата на туристите кои патуваат преку нив, нема да ја даде потребната ефикасност. Потребно е воведување на осигурителна полиса која ја користат сите европски земји.

– Банкарската гарација во нашиот дел не е конкретно решение и не ни помага во понатамошниот развој. Треба да се потрудиме сите заедно да стигнеме до етапа каде што би успеале да дојдеме до решение со осигурување од солветност коешто ќе ни помогне во понатамошниот развој… – изјави Александар Кузмановски, Национална асоцијација за дојдовен туризам.

Во работната група присуствуваше и министерот за економија Крешник Бектеши кој ги ислуша предлозите на претставниците од туристичкиот сектор. Најави нова средба за што побрзо да се најде најдобро решение за моделот за субвенционирање.

Прочитајте и...  Границите затворени, платените зелени картони подарок од граѓаните?!

Прочитај повеќе

Сончево време, попладне изолирана појава на дожд и грмежи

Слободен печат

Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото денеска?

Слободен печат

Шпанија ги отвора границите за туристите од безбедните земји

Слободен печат

Уредување и разубавување на улицата на Тоше во Крушево

Слободен печат

Трагичен крај на потрагата: Киднапираната мексиканска конгресменка пронајдена мртва

Слободен печат

Авганистан и Талибанците во фокусот на Русија, Кина, Пакистан и САД

Слободен печат

1 comment

НЕВЕН ГНЕВЕН 23/10/2019 - 08:50 at 08:50

Секој и од сите страни бара субвенции. Кога тие се воведоа? Од кога почнаа да се купуваат гласови на изборите. Инаку, никогаш не постоеле никакви субвенции. Имало само осигурување. Сега, сите и земјоделци, сточари и било кои произведувачи на нешто, се офајдија со огромни пари. Друго е прашањето колку се украло од тие средства. А работникот, си ја трпи тортурата и неправдата. И потребно е да се укинат тие субвенции. Ете има осигурителни компании, па нека се осигураат.

Reply

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Затворањето на границите ќе ја скрши економијата: Грчките лекари загрижени по пристигнување на заразени патници од Катар

Слободен печат

Во Вашингтон шести ден протести против расизмот и полициското насилство (ВИДЕО

МИА Агенција

Инспектори спречени да направат контрола во угостителски објект, внатре бил претседател на политичка партија (ВИДЕО)

Слободен печат

Армијата ќе учествува на мировна операција во Либан

Слободен печат

Фрчкоска: Ја однеле Јанева во ДЗР без никаква најава, не и биле овозможени нејзините права

Слободен печат

Меланија се насмевна по барање на Трамп, повеќе не изгледа како киднапирана покрај него (ВИДЕО)

Слободен печат