Нов милионер во Sport Life – Мајсторија во Тетово со пет пара на тикет

Одличен викенд за играчот на Sport Life во Тетово. Со само пет погодени пара на тикетот и тој се запиша во клубот на “милионери“ на Sport Life.

За оваа атрактивна и висока седумцифрена добивка, петте пара на тикетот биле со вкупен коефициент 257, а влогот изнесувал 3.900 денари.

Сите пет натпревари на кои се обложил биле одиграни во саботата, во термини од 14 и од 16 часот, а комбинацијата била по два меча од Германија и од Англија и еден од Суперлигата на Турција.

Првиот пар – Динамо Дрезден со два брзи гола во последните шест минути од првиот дел најавил победа против Инголштад, на крајот и убедлива со 4:0, за фатен тип 1-1, со квота од 4.75 во Sport Life. Вториот германски меч на добитниот тикет е од пониските лиги во Германија, а се чекало двојка на дуелот меѓу втората екипа на Борусија Менхенгладбах против Алеманија Ахен. Двоен стрелец за гостите бил Огузан Ајдоган, по еден во двете полувремиња за триумф на гостите од 1:2 и фатена двојка со коефициент од 2.60. Врв на добитниот тикет е мајсторски одиграниот тип Х-Х на дуелот во Турција меѓу Анталијаспор и шампионот Башакшехир, кој меч завршил без голови.

Двата преостанати натпревари во Англија од 16 часот,  биле одиграни со единици на Барнсли против Милвол (2,18 коефициент) и на Мансфилд со Моркамб (2,30 коефициент). И двата нашиот играч ги погодил-Барнсли прослави против Милвол со 2:1 и Мансфилд со триумф од 1:0 против Моркамб ги освои бодовите и воедно ја запечати добивката од еден милион денари во Тетово.


Koмерцијален ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот