Нов летен расад ги разубавува цветните леи и фигури низ Скопје

Фото: Град Скопје

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве интензивно работат на терен и ги подготвуваат површините за садење летен расад на цвеќиња, како и на замена на пролетниот со летен цветен расад. Како што информираат од ова јавно претпријатие, нивните екипи ги разубавуваат леите и цветните фигури со садење цветен расад од видовите: тагетес, агератум, бегонија, целозија, колеус, цинија, цинерарија, салвија, пеларгониум и далија.

– Наведените видови на цвеќе се од сопственото производството, односно од производните капацитети на претпријатието. Сезонски цветен расад екипите садеа во реоните Капиштец, Центар и во Автокоманда. Поради високите температури интензивно се наводнува зеленилото, а онаму каде што нема поставено систем за наводнување се носи вода со цистерни – стои во соопштението на Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот