Нов кружен тек во Волково и реконструкција на патот до Кучково

Портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху изјави дека со изградбата на новиот кружен тек конечно се решава сообраќајниот хаос во Волково каде што во иднина ќе биде олеснето движењето кон последната станица на автобуската линија со број 22, која е една од најкористените линии во јавниот автобуски превоз во Скопје.

Во Волково денеска почна изградбата на новиот кружен тек и реконструкцијата на патот до Кучково. На стартот на градежните работи присуствуваа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство  Трајан Димковски,  директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски.

Портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху изјави дека со изградбата на новиот кружен тек конечно се решава сообраќајниот хаос во Волково каде што во иднина ќе биде олеснето движењето кон последната станица на автобуската линија со број 22, која е една од најкористените линии во јавниот автобуски превоз во Скопје.

Тој додаде дека  овој пат го користат секојдневно околу 10.000 жители на Општина Ѓорче Петров кои живеат и работат во Волково, Кучково, Никиштани и во Орман, но истовремено се олеснува и пристапот кон магистралниот пат кој води кон Косово. Со изградбата на кружниот тек во Волково и реконструкцијата на патот до Кучково ќе се зголеми и безбедноста на сите учесници во сообраќајот коишто ги користат овие сообраќајници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот