Нов кикс на Тотенхем, виси пласманот во ЛШ (ВИДЕО)

EPA-EFE/NEIL HALL

Екипата на Тотенхем во претпоследното коло на Премиер лигата загуби на гостувањето кај Борнмут со 1:0 и си ја загрози позицијата на табелата која носи пласман во ЛШ. Победничкиот гол на Борнмут го постигна Аке во 91. минута.

На едно коло до крајот, Тотенхем има 70 бодови и се наоѓа на третото место на табелата но лесно може да се случи, ако киксне во последното коло, да остане без пласман во ЛШ наредната сезона.

Конкурентите на Тотенхем за третото и четвртото место, Челси (68 бодови), Арсенал (66) и Манчестер јунајтед (65) имаат натпревар помалку против аутдсајдери Ватфорд, Брајтон и Хадерсфилд и со победи ќе го направат последното коло во Премиер лигата, супер интересно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот