Нов кандидат за клупата на Манчестер јунајтед (ФОТО)

twitter.com/LarryCh49598510

Иако сме сеуште на почетокот од сезоната, лошите резултати на Манчестер јунајтед може да се причина за „итно“ заминување на досегашниот менаџер Оле Гунар Солскјер.

Веќе секојдневно се шпекулираат нови кандидати кои би го наследиле норвешкиот стратег. Денеска според се одвојува името на поранешниот светски шампион со Франција, Лорен Блан (53) кој претходно ја одбил понудата да седне на клупата на Лион.

Според францускиот „Л`Екип“, Блан кој воедно е и поранешен селектор на „триколорите“, би можел во блиска иднина да го преземе кормилото на „црвените ѓаволи“.

Последниот тренерски ангажман го имаше уште пред три години во ПСЖ, а лани се поврзуваше со Рома.

Во периодот од 2001-2003 година настапуваше за Манчестер јунајтед каде што и ја заврши професионалната кариера како фудбалер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот