Нов изум: Фотоапарат кој работи со помош на вештачката интелигенција

Фотоапаратот на Бјорн Карман, наречена „Параграфика“, со помош на вештачката интелигенција користи сензори и податоци за вашата геолокација, вклучувајќи ги и временските услови. Таа создава генерирана порака со текст која потоа се претвора во „фотографија“, пишува „Артнет“ (Artnet).
Имено, фотоапаратот изгледа исто како и досегашните уреди, но наместо објектив има црвен елемент, кој наликува на телевизиска антена. Младиот Карман во едно интервју изјавил дека за изработката на бизарниот, црвен елемент бил инспириран од кртот со ѕвездест нос, животно кое е слепо, но ја визуелизира својата околина користејќи ја својата муцка.

„Визирот ја чита и прикажува вашата моментална локација во реално време и со притискање на копчето, фотоапаратот создава сцинтиграфска претстава на она што сте решиле да го сликате“, објаснува Карман.
Фотографите кои би го користеле овој уред, ќе можат да го контролираат исходот на сликата со три физички копчиња на горниот дел од телото на фотоапаратот.

Првото копче, работи слично како тоа за фокусната должина кај традиционалните фотоапарати, а се користи за ограничување на радиусот во кој уредот ги бара податоците. Второто копче ја контролира острината на фотографијата. При процесот на генерирање фотографија со помош на вештачката интелигенција се создава т.н. Гаусов шум, кој Карман го дефинира како „филмско зрно“. Третото копче служи како„“водилка“, со која се добиваат податоци за тоа колку блиску уредот со вешатачката интелигенција ја следи генерираната текстуална порака.
Introducing – Paragraphica! 📡📷
A camera that takes photos using location data. It describes the place you are at and then converts it into an AI-generated “photo”.See more here: https://t.co/Oh2BZuhRcf
or try to take your own photo here: https://t.co/w9UFjckiF2 pic.twitter.com/23kR2QGzpa— Bjørn Karmann (@BjoernKarmann) May 30, 2023