Нов израелски напад врз Сирија, ракети истрелани врз Дамаск

Израел вечерва повторно истрела ракети врз областа Дамаск, објави сириската државна телевизија Ахбари и државната новинска агенција САНА.

Сириската противвоздушна одбрана, наводно, се спротивставила на „израелската агресија“ околу Дамаск.

Во соопштението на сириската армија се наведува дека „израелскиот непријател ја изврши воздушната агресија со многу проектили“, пренесува Ројтерс.

Се додава дека цел на нападот биле цели во близина на градовите Дамаск и Хомс.

Израелската армија не се огласи во врска со извештајот за нападот врз Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот